Договорот за закуп на агрокомбинатот Џумајлија објавен на сајтот на Министерството за земјоделство

Bez autora
Jul 14 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во недела на својата интернет страница јавно го објави договорот за закуп на агрокомбинатот Џумајлија, склучен со Сахара Корпорејшн Лимитед. Договорот се однесува на закуп на 5353 хектари државно земјиште, а е склучен на 15 години. Компанијата ќе плаќа 121 000 евра годишно. Според најавите, индискиот мултимилјардер планира во првите три години да вложи преку 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија, за што веќе е уплатена банкарска гаранција. Покрај тоа, предвидено е вработување на над 2.000 лица, како и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.

Договорот за закуп на агрокомбинатот Џумајлија објавен на сајтот на Министерството за земјоделствоМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во недела на својата интернет страница јавно го објави договорот за закуп на агрокомбинатот Џумајлија, склучен со Сахара Корпорејшн Лимитед.

Договорот се однесува на закуп на 5353 хектари државно земјиште, а е склучен на 15 години. Компанијата ќе плаќа 121 000 евра годишно.

Според најавите, индискиот мултимилјардер планира во првите три години да вложи преку 200 милиони евра во агрокомбинатот Џумајлија, за што веќе е уплатена банкарска гаранција.

Покрај тоа, предвидено е вработување на над 2.000 лица, како и изградба на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда.

Инвестициите ќе се одвиваат етапно, а за 18 месеци компанијата е обврзана да вложи 60 милиони евра и да вработи 900 лица.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik